Утре од 20:45 часот Јувентус гостува кај Лече во 14. коло од Серија А и му требаат три бода за продолжување на трката за врвот на табелата.
На тоа гостување тренерот Тиаго Мота нема да може да смета ниту на девет играчи. Јувентус речиси од натпревар во натпревар губи важни играчи поради повреди, па по 0:0 со Астон Вила во Лигата на шампионите во средата отпадна стандардниот десен бек Николо Савона.
Така Јувентус сега има деветмина играчи кои ќе отсуствуваат поради повреди или суспензии, и тоа: Бремер, Кабал, Милик, Гонзалес, Луис, Аџиќ, Мекени, Савона и Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА