Јувентус без двајца важни првотимци на дебито на Спалети

Лучијано Спалети се соочи со проблеми на самиот старт од авантурата во Јувентус откако поранешниот селектор на Италија пред дебито остана без услугите на двајца стандардни првотимци.

Суперталентот Кенан Јилдиз воопшто нема да патува со тимот за утрешното гостување против Кремонезе, исто како и дефанзивецот Кели, откако двајцата фудбалеи кои беа стандадни кај Игор Тудор не добија зелено светло од медицинскиот тим на „старата дама“. Јилдиз влече незгодна повреда, младиот Турчин поради тоа не беше стартер на дербито со Лацио, потоа ги одигра сите 90 минути против Удинезе, но состојбата му се влоши и ќе мора да го пропушти дуелот со Кремонезе.

Што се однесува до Кели, повредата на грбот не е премногу сериозна, но лекарите сепак препорачале мирување во следните неколку дена, поради што Англичанецот нема да биде во комбинација викендов.

Добра вест за Јувентус е што Кефрен Турам, кој поради повреда не настапи против Удинезе, овојпат доби зелено светло и ќе му биде на располагање на Спалети против Кремонезе.

Се вчитува...