Јувентус без клучен играч на дербито со Милан

Игор Тудор се соочува со голем проблем во пресрет на дербито против лидерот Милан откако Бразилецот Бремер отпадна од комбинација за настап на оваа средба.

Бремер е предводник на одбраната на Јуве од стартот на сезонава откако претходно отсуствуваше со месеци по тешката повреда на коленото. Тој пред неколку дена се пожали на нова повреда, лекарите сторија се за да го оспособат, но дефанзивецот ја загуби трката со времето и воопшто не се најде на списокот на тренерот Тудор за вечерашниот дуел со Милан.

За разлика од него, Турам доби зелено светло од лекарскиот тим и францускиот играч за врска ќе му биде на располагање на стручниот штаб за овој дерби натпревар.

Се очекува местото на Бремер во одбранбеното трио да му припадне на Ругани, крај стандардните Кели и Гати.

Се вчитува...