Јувентус без „муниција“ против Рома

Екипата на Јувентус после стартните две победи во Серија „А“, потфрли целосно во нападот против Рома и одигра само без голови. Избраниците на Тиаго Мота беа далеку под нивото, па така упатија само еден удар во рамките на голот низ целиот меч, што беше премалку да се дојде до триумф. Мота се обиде со измени во вториот дел, го уфрли и дебитантот Копмајнерс, меѓутоа ефект немаше.

На другата страна Рома преку Анхелињо во финишот можеше да го шокира Торино, но и гостите не успеаја да постигнат погодок.

Во вториот меч Удинезе стигна до нова победа во Серија „А“, втора во три кола во Италија. Стрелец на голот беше Бренер во 43. минута од средбата. Комо во судиското надополнување промаши пенал преку Кутроне, и така испушти шанса да дојде до бод.

Се вчитува...