Јувентус ќе мора да се снаоѓа без помошта на Војчех Шчесни во текот на овој месец по повредата што полскиот голман ја заработи на дуелот со Специја.
Полскиот репрезентативец штотуку се врати од повредата, но се здоби со нова повреда на скочниот зглоб, поради што со солзи го напушти теренот на стадионот во Торино.
Според „Кориере дело спорт“, добра вест за Шчесни е што не станува збор за скршеница, што ќе значеше негово отсуство од СП во Катар. Сепак, деталните прегледи покажале истегнување на лигаментите, поради што Шчесни ќе отсуствува до почетокот на октомври.
Првиот голман на Јувентус ќе пропушти неколку средби од Серија А, како и првите три кола од Лигата на Шампионите, а во таборот на „старата дама“ се надеваат дека тој ќе биде „фит“ за дербито со Милан закажано за 8 октомври на „Сан Сиро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА