Јувентус гостува вечерва во Парма во обид да ја продолжи серијата позитивни резултати со кои „старата дама“ се врати при врвот на табелата, во зоната која значи борба за учество во Лигата на Шампиоитне следната сезона.
Сепак, задачата нема да биде нималку лесна ако се знае дека тренерот Игор Тудор нема да може да смета на шестмина првотимци за овој дуел. Бремер и Кабал подолго време се повредени исто како и Милик, но Тудор за овој дуел ќе биде и без помошта на Гати, Мбангула, но и на Теун Копмајнерс. Холандскиот играч за врска имаше проблеми со тетивата, тренираше индивидуално во последните денови, па Тудор реши да не ризикува и тој воопшто не отпатува со тимот за Парма.
Покрај овие шест фудбалери, повреден е и Кенан Јилдиз, но турскиот офанзивец патуваше со тимот и ќе се најде на клупата за резерви. Во една ваква ситуација, најавено е дека Тудор за првпат откако е тренер ќе стартува со тандемот Коло Муани – Влаховиќ во нападот, па останува да се види како ќе изгледа оваа тактичка замисла на хрватскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА