Дефанзивецот на Јувентус, Хуан Кабал ќе отсуствува околу шест недели од терените. Колумбиецот се повреди на натпреварот против Виљареал во 2. коло од вкупната фаза на Лигата на шампионите (2:2) и беше заменет во 16. минута.
Торинскиот клуб објави дека играчот претрпел умерена руптура на бицепс-феморис мускулот. Колумбиецот ќе биде надвор од терените приближно шест недели. Малку е веројатно дека ќе се врати на теренот пред натпреварот против Фиорентина на 22 ноември.
За потсетување, Кабал минатата сезона заработи повреда на вкрстените лигаменти и е надвор од терените од 5-ти ноември. Оваа сезона, тој играше на три натпревари, вкупно 46 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

