Јувентус е блиску да го ангажира мароканскиот интернационалец од редовите на Фиорентина, Софијан Амрабат. „Старата Дама“, според пишувањата на италијанските медиуми, е во финална фаза на преговорите со Мароканецот, и трансферот треба да се случи во следните денови.
Јувентус го претрка Манчестер Јунајтед во потписот на фудбалерот од средниот ред, кој беше вистински „хит“ на Мундијалот во Катар. Јунајтед како да се откажа од трката, а во минатото имаше интерес и од Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.
„Бјанконерите“ во Амрабат гледаат замена за Денис Закарија, кој замина во Монако. Договорот на Амрабат истекува идната година, и „виолетовите“ се свесни дека имаат мали шанси да го задржат. Затоа сега на него веројатно ќе заработат 35 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА