Јувентус експресно се врати на победнички патеки по поразот од Парма минатото коло откако „старата дама“ славеше над „фенерџијата“ Монца со 2-0. Првото полувреме мина во апсолутна доминација на „црно-белите“, кои поведоа во раната фаза преку фантастичниот удар на Нико Гонзалез од над 20 метри.
Коло Муани конечно доби шанса пред Влаховиќ, Французинот имаше две неискористени шанси, но во третиот обид мајсторски ја смести топката во мрежата зголемувајќи на 2-0.
И кога се чинеше дека победата ќе биде рутинска, младиот Јилдиз направи глупост во последните секунди од првото полувреме, добивајќи црвен картон и оставајќи го својот тим на цедило. Монца тргна во целосна офанзива, а Јувентус го мина речиси целото второ полувреме во бункер, затворајќи ги приодите со сите играчи пред сопствениот шеснаесетник. Тоа сепак го даде посакуваниот резултат, мрежата на „старата дама“ остана незатресена и избраниците на Тудор се вратија во Топ 4, во битката за место кое води во ЛШ во следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА