Јувентус триумфираше на гостувањето кај Сампдорија со 0-2 во натпревар од 20. коло од италијанската Серија А. Киеза во 20. минута донесе водство за „старата дама“, додека конечните 0-2 ги постави Арон Ремзи во 91. минута.
Во моментов Јувентус се наоѓа на третата позиција на првенствената табела со 39 бода, односно седум помалку од првопласираниот Милан, но и натпревар помалку. Сампдорија останува десетта со 26 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

