Бундеслигашот Волфсбург го одби актуелниот италијански шампион, Јувентус за трансфер на фудбалерот од средниот ред, Луис Густаво. Челниците на „бјанконерите“ се во потрага по играч од средниот ред, а изборот паднал на Луис Густаво, кој неколку години го носи дресот на „волците“.
Јувентус предложил позајмица, која би чинела 2,5 милиони евра, со опција на откуп на неговиот договор за 13 милиони евра на крајот од оваа сезона, но тоа било експресно одбиено од германскиот клуб. Бразилскиот фудбалер веќе подолго време е во Бундес лигата, а во Германија ги бранеше боите на Баерн Минхен и на Хофенхајм.
Останува да се види дали „старата дама“ ќе испрати нова понуда или ќе го насочи вниманието кон останатите играчи за врска кои се наоѓаа на листата со желби на тренерот Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА