Во последните месеци имаше многу шпекулации околу иднината на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ. Србинот едно време беше на излезна врата од тимот од Торино, па потоа кажа дека сака да се бори за место во тимот.
Сега Јувентус донесе конечна одлука за иднината на Влаховиќ, порачувајќи дека нивниот напаѓач не е на продажба и дека нема да го напушти тимот оваа зима.
На прашањето дали е вистина дека Влаховиќ заминува во Арсенал, директорот Кристијано Џунтоли одговори:
„Не знам ништо за тоа, но Влаховиќ не е на продажба“, рече Џунтоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА