Пол Погба неодамна повторно се најде во центарот на скандал откако беше позитивен на допинг тест. Французинот беше тестиран по натпреварот помеѓу Јувентус и Удинезе, а откако падна на првиот тест, не го помина ниту второто тестирање.
На фудбалерот на „старата дама“ му беше пронајден тестостерон што е повод за застапниците на антидопинг агенцијата да бараат најстрога можна казна за Погба со четиригодишна суспензија.
Скандалот од голем размер ќе го примора и Јувентус да му врачи отказ на 30-годишникот веднаш штом ја добие конечната одлука, без разлика на долготрајноста на суспензијата, пренесуваат италијанските медиуми.
Претходно, Јувентус му забрани на Погба да тренира и да има било каков контакт со соиграчите и управата на клубот, а го казни и со минимална плата од две илјади евра месечно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА