Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Фабио Капело ја коментираше формата на „бјанконерите“ кои имаат само еден триумф на последните осум натпревари, што придонесе да ја загубат трката за титулата, но и да го загубат второто место, кое што сега му припаѓа на Милан.
Капело смета дека вистинско чудо е тоа што Јувентус долго време бил ривал на Интер во битката за скудетото.
„Алегри правеше чуда до дербито со Интер, затоа што го држеше Јувентус блиску до првото место. Двата тима не може да се споредат по квалитет. Дури и Милан е подобар од нив. Натпреварот против Интер им покажа ја покажа на Јувентус разликата меѓу двата тима. Тоа ги погоди, и веднаш после тој пораз целосно паднаа, и затоа е овој лош период за нив“, коментираше Капело, и додаде:
„Проблемот не е тоа што Алегри не користи тројца напаѓачи. Едноставно нема тројца напаѓачи. Киеза е опасен на крило, но кога ќе отиде во средина станува безопасен. Влаховиќ е единствена опција во нападот. Јилдиз е млад, Кин се враќа од повреда. Интер има повеќе квалитет во средниот ред, а Милан преку крилата Хернандез и Леао може да прави што сака. Во Јувентус Рабио ја прави разликата, но тој оваа сезона не е во форма. На тимот му требаат најмалку четири нови играчи“, изјави Капело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА