Јувентус е на добар пат да ја заврши успешно потрагата по нов голгетер откако влезе во завршна фаза за ангажман на Јусеф Ен Несири, мароканскиот напаѓач од редовите на Фенербахче. Јуве досега притискаше за Матета, но откако Кристал Палас го блокираше заминувањето на најдобар стрелец вниманието беше насочено токму кон Мароканецот кој до пред неколку години ги бранеше боите на својата селекција на Купот на Африкански Нации.
Ен Несири воопшто не беше во составот за вечерашниот меч со Астон Вила во Лигата на Европа, додека директорот на Јуве, Отолини беше на трибините на стадионот. За вечерва е закажана нова рунда разговори, која се очекува да донесе и конечен договор.
Јувентус нуди четири милиони евра, со клаузула за откуп во висина од 20 милиони евра, но Фенербахче бараше клаузулата да се однесува на задолжителен откуп, дури и доколку истата биде спуштена на 18 милиони евра.
„Старата дама“ се надева дека што поскоро ќе го реши голгетерското прашање, во ситуација кога Душан Влаховиќ е повреден, а Дејвид и Опенда воопшто не ги оправдаа очекувањата по летните трансфери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

