Јувентус со неочекуван херој во името на Кабал, триумфираше на тешкото гостување кај Болоња со 0-1, и се искачи на петата позиција на табелата во Серија „А“. Мечот беше здодевен и неинтересен и решен само со еден гол. И покрај тоа што Јувентус во финишот имаше и играч повеќе, сепак, не успеа да го материјализира со уште некој гол.
Мечот почна со добра шанса за Орсолини, кој шутираше, но Де Грегорио одлично одбрани. Болоња имаше уште една прилика во финишот преку Зорте, но ја погоди само пречката.
Моментот на одлука се случи во 65. минута. Кабал со глава успеа да го најде патот до мрежата, и да го донесе Јувентус во предност и тоа само четири минути откако влезе во игра.
Во 69. минута се чини дека Јувентус се доближи уште повеќе до триумфот, со оглед дека Торбјорн Хегем доби директен црвен картон. Опенда имаше шанса да ја запечати победата, но во ситуацијата „еден на еден“ не успеа да го совлада Раваља, кој му го одбрани ударот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

