Јувентус има три опции ако си замине Роналдо

На шест дена пред крајот на преодниот рок новата трансфер сага за заминувањето на Кристијано Роналдо од Јувентус добива и нови размери. Имено, „старата дама“ и покрај тоа што е „сигурна“ дека Португалецот ќе остане во клубот, бара негова замена, пренесуваат италијанските медиуми.

Манчестер Сити стави дознаење дека и доколку успее да го ангажира Роналдо во трампата нема да биде вклучен Габриел Жезус, па клубот од Торино погледите ги насочи кон тројца голгетери.

Еден од нив е поранешната желба Мауро Икарди кој беше на радарот на Јувентус и пред заминувањето во ПСЖ. По доаѓањето на неговиот сонардоник Меси, Икарди падна како трета опција во нападот на „светците“, а тоа ќе се обиде да го искористи Јувентус и да го врати во Италија.

Како опција е и поранешниот играч на торинскиот клуб, Мојс Кин. Младиот напаѓач беше дел од Јувентус до 2019 година кога премина во редовите на Евертон за 30 милиони евра, меѓутоа не успеа да се наметне. Претходната сезона ја помина на позајмица во ПСЖ, но сега се врати назад во Евертон, каде не е дел од плановите за стандарден првотимец на Рафа Бенитез.

Трета опција за Јувентус е фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ. Србинот беше блиску до излезната врата на „Сантијаго Бернабеу“, но последните информации од Шпанија велат дека сепак ќе добие нова шанса под водство на Карло Анчелоти па неговиот трансфер во Италија е најневеројатен.

Се вчитува...