Јувентус е доминантен во Италија, на чекор е да ја освои и Европа, но раководството на клубот сака уште посилен тим за следната сезона. Најнова желба на „старата дама“ е Јаник Караско, белгискиот интернационалец од Атлетико Мадрид. Офанзивниот играч за врска прерасна во врвна класа, а тренерот Масимилијано Алегри смета дека одлично би се вклопил во стилот на Јувентус.
Челниците на италијанскиот првак стапиле во контакт со Атлетико Мадрид, но оттаму не се расположени за продажба на Караско, доколку Јувентус не ја плати отштетната клаузула во износ од 110 милиони евра. Тоа секако е огромна сума, а стратегијата на Јувентус никогаш не била да плаќа за огромни трансфери. Сепак, раководството на Јуве ќе се обиде да ја намали отштетата, и да вклучи некој фудбалер од своите редови кој би заминал во шпанскиот клуб.
Како други опции за Јувентус, доколку не успее планот со Караско, се споменуваат Федерико Бернардески од Фиорентина, Даглас Коста од Баерн Минхен и Тома Лемар од Монако. Има најави дека и Кеита Балде од Лацио е на прагот да се пресели во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА