Јувентус го ’мерка’ Ромањоли и сака да го украде од Милан

Италијанскиот првак Јувентус сака да ја искористи лошата ситуација во Милан, кој доби најави од УЕФА дека е загрозено неговото учество во Лигата на Европа поради непочитување на финансискиот фер-плеј, и ќе се обиде да го „украде“ репрезентативецот Алесио Ромањоли. Раководството на „старата дама“ сака полека да го реновира одбранбениот бедем, со оглед дека Кјелини, а пред се Барѕалји се во зрели или поодминати фудбалски години.

Ромањоли има 23 години и повеќе од 150 настапи во Серија А, и веќе е стандарден италијански репрезентативец. Неговиот договор со Милан има важност до 2020 година, но Јувентус се надева дека „росонерите“ ќе мораат да распродаваат дел од составот за да избегнат казна од УЕФА. Клубот од Торино е подготвен да плати околу 30 милиони евра за да го доведе Ромањоли во своите редови.

Се вчитува...