Јувентус го нуди Влаховиќ и уште двајца играчи за Санчо

Јувентус планира да понуди тројца играчи на Манчестер Јунајтед за да го добие потписот на Џејдон Санчо. Нема сигнали дека Рубен Аморим ќе смета на крилниот фудбалер идната сезона, па се поизвесно е заминување од „Олд Трафорд“.

Англичанецот најпрво влезе во конфликт со Ерик Тен Хаг, а потоа не е во плановите и на Аморим, по што мина на разни позајмици во последните две сезони во Борусија Дортмунд и во Челси.

Јувентус сака да се ослободи од Душан Влаховиќ. Токму тој ќе биде вклучен во зделката за Санчо, а заедно со него на „Олд Трафорд“ треба да оди и Тимоти Веа. Исто така Јувентус сака да го пушти и Даглас Луиз во Јунајтед. Сите тројца само за еден фудбалер.

Меѓутоа прашање е дали на Аморим ќе му требаат овие играчи, односно дали ќе се согласи на ваква трампа.

Се вчитува...