Јувентус го понижи Реал Мадрид на пријателскиот натпревар славејќи со убедливи 3-1.
„Старата дама“ поведе уште во првата минута преку Мојзе Кен, за да предноста ја дуплира Тимоти Веа во 20. минута.
Сепак, Реал успеа да ја намали предноста на седум минути пред полувремето со голот на Винисиус Жуниор, а на асистенција на Тони Крос.
Во второто полувреме од 77. минута во игра кај Јувентус влезе и Душан Влаховиќ кој го одигра својот прв меч од средината на мај кога се повреди. И веднаш успеа да се запише во листата на стрелците, па во 95. минута стрелаше за конечна победа од 3-1 на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА