Јувентус го „потопи“ Сасуоло (ВИДЕО)

Екипата на Јувентус лесно стигна до победата на гостувањето кај Сасусоло со убедливи 0-3, покажувајќи одлична форма, и покрај киксот минатото коло против Лече кога одигра нерешено 1-1.

„Бјанконерите“ дојдоа до десетата победа и влегоа во топ 4 екипите во Серија „А“. До предност четата на Лучијано Спалети стигна со автогол на Мухаремовиќ во 16. минута.

Печат на победата беше ставен во вториот дел, кога Мирети во 62. минута и Дејвид во 63. минута погодија, и со тоа ја отстранија дилемата околу освојувачот на трите бодови од овој меч.

Се вчитува...