Јувентус го ангажираше најдобриот голман на Серија „А“ за изминатата сезона. Досегашниот чувар на мрежата на Монца, Микеле Ди Грегорио следната сезона ќе брани за гигантот од Торино.
Следната сезона Ди Грегорио ќе ја мине на позајмица, која ќе го чини Јувентус 4,5 милиони евра, додека конечната отштета би можела да биде 18 милиони евра.
Ди Грегорио беше еден од заслужните што Монца ја заврши сезоната мирно, без никаква опасност да испадне. Неговата мрежа остана „чиста“ на 12 натпревари.
„Микеле доаѓа во Јувентус како добитник на наградата најдобар голман во Серија „А“ минатата сезона. Станува збор за одличен голман, со оглични реакции, а исто така игра добро и со нога“, стои во објавата на Јувентус.
Ова значи дека Војчех Шчесни би можел да замине од Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА