Јувентус конечно продаде еден напаѓач во обид да отвори простор за Лукаку или Икарди. Изненадувачки, од таборот на „старата дама“ прв си замина најмладиот голгетер, Моисес Кеан, кој кариерата ќе ја продолжи во редовите на Евертон.
Англискиот премиерлигаш цела седмица водеше интензивни преговори со Јувентус, за на крајот да биде постигнат целосен договор за трансферот. Вкупната вредност изнесува 40 милиони евра, од кои дел ќе треба да се платат само доколку се активираат одредени клаузули. Италијанскиот репрезентативец во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Ливерпул, а по деталните лекарски прегледи и официјално ќе потпише договор со „карамелите“.
„Старата дама“ до крајот на преодниот рок ќе се ослободи од уште двајца напаѓачи (меѓу Игуаин, Манџукиќ и Дибала), со што би се отворил простор за доведување на нов голгетер од највисока класа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА