Јувентус го продава Костиќ после само една сезона?

После една сезона Филип Костиќ е на излезна врата од Јувентус. Србинот минатата сезона дојде од Ајнтрахт Франкфурт, и за „бјанконерите“ одигра 54 натпревари, со 11 асистенции и три постигнати гола.

Освен Костиќ, на трансфер листата се најдоа и Вестон Мекени, Суле Илинг и Фабио Мирети. Клубот од Торино има понуди за Србинот од Германија, Турција, Англија и Саудиска Арабија. Тој дојде во Торино за 13 милиони евра.

Јувентус се реши за негова продажба поради финансиски проблеми. Италијанскиот клуб одреди и негова цена од 12 милиони евра.

Се вчитува...