Екипата на Јувентус успеа да најде заеднички јазик и да договори продолжување на договорот со стандарниот дефанзивец Федерико Гати.
Според новиот договор, италијанскиот репрезентативец ќе остане во Торино до 2030 година.
Исто така ќе биде зголемена платата на Гати за околу 2 милиони евра по сезона. Гати е дел од Јувентус од 2022 година. Претходно настапуваше за Фросиноне, Про Патрија, Вербанија, Павароло и Алесандрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

