Италијанскиот првак Јувентус на гала свеченост во Торино го претстави новиот клупски грб кој носи и помодерен идентитет на „старата дама“. Во друштво на спортската елита на Италија, претседателот на клубот Андреа Ањели истакна дека новиот грб многу силно ја дефинира припадноста кон Јувентус.
„Новиот грб го дефинира чувството на припадност кон Јувентус и носи еден нов модерен стил, кој овозможува да се чувствувате свои“, истакна Андреа Ањели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА