Фудбалскиот клуб Јувентус соопшти дека го раскинал договорот со Бразилецот, Данило.
Данило е член на Јувентус од 2019 година, а претходно играше за Америка Минеиро, Сантос, Порто, Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Бразилскиот фудбалер за „старата дама“ одигра 213 натпревари и постигна девет гола. Со Јувентус освои четири трофеи.
Последниот меч за италијанскиот клуб Данило го одигра на 14 декември минатата година против Венеција.
За репрезентацијата на Бразил одигра 65 натпревари. Италијанските медиуми пренесуваат дека Данило кариерата ќе ја продолжи во Фламенго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

