Данило ги минува последните денови како член на Јувентус откако „старата дама“ реши да го стави бразилскиот репрезентативец на трансфер-листа. Дефанзивецот го загуби првотимскиот статус што го имаше кај Алегри и не беше дел од плановите на Тијаго Мота, настапувајќи само на натпреварите на кои Јувентус имаше огромни проблеми со одбраната, но и на тие средби Данило одигра далеку под своите можности.
Договорот на Данило истекува на крајот од сезонава, но „црно-белите“ денеска му соопштиле на фудбалерот дека е ставен на трансфер листа и веќе во јануари ќе си замине од клубот. Тоа е желба и на самиот Данило, кој и самиот инсистира што поскоро да си замине откако му беше ставено до знаењ дека не е дел од плановите на Тијаг Мота. Она што е интересно, Данило речиси сигурно ќе остане во Серија А, и тоа во редовите на лутиот ривал Наполи.
Антонио Конте уште во текот на летото сакаше да го доведе овој искусен фудбалер во одбраната на „наполитанците“, но тогаш Де Лаурентис не успеа да се договори со раководството на Јуве. Овојпат ситуацијата е поинаква, Јуве сака да отвори простор во буџетот за плати, па Бразилецот ќе биде достапен за отштета не повисока од три милиони евра. Конте е во потрага по нов командант на одбраната и играч од профилот на Данило, кој одлично се снаоѓа во формација со тројца во линија во дефанзива сигурно ќе биде добредојден во тимот во трката за скудетото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

