Јувентус го врати трансфер-промашувањето назад во Премиер-лигата

Даглас Луис пристигна минатото лето од Астон Вила во Јувентус и беше најавуван како нов „командант на средниот ред“ на „старата дама“. Не само што тоа не се оствари, туку Луиз беше и огромно разочарување за управата и навивачите на Јуве, на 27 натпревари немаше ниту еден гол ниту асистенција за „црно-белите“ од Торино, па не е изненадување што неговиот престој во најтрофејниот италијански клуб траеше само една година.

Бразилскиот играч за врска се враќа назад во Премиер-лигата, и тоа како член на Нотингем Форест откако „шумарите“ денеска постигнаа целосен договор со раководството на Јувентус.

Вкупната вредност на трансферот ќе изнесува 35 милиони евра од кои 30 милиони се загарантирани, а пет милиони поврзани со исполнување на неколку клаузули.

Јувентус со заминувањето на овој фудбалер стигна до буџет да го комплетира посакуваното засилување во нападот, враќајќи го Коло Муани назад во тимот без да ја чека разврската со Душан Влаховиќ, кој веќе подолго време е на излезна врата од овој клуб.

Се вчитува...