Младата ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз (20), е подготвен да потпише нов, подобрен долгорочен договор со „Старата дама“, кој ќе го врзе со клубот до летото 2030 година. Ова би му дало на турскиот напаѓач значително зголемување на платата што одговара на неговиот статус во тимот.
Тековниот договор на Јилдиз е до летото 2029 година, но „бјанконерите“ сакаат да го наградат за неговите одлични настапи и да го обезбедат неговиот престој. Откако се појави на сцената во 2023 година, турскиот репрезентативец привлече интерес од голем број клубови. Затоа, Јувентус е заинтересиран да му понуди подобри услови за да го задржи на стадионот „Алијанц“ во наредните години. Неговата моментална плата наводно е 1,7 милиони евра по сезона, што го става надвор од листата на 15 најплатени играчи во соблекувалната.
Новиот договор би му донел годишна плата од околу шест милиони евра. Исто така, се шпекулираше дека Јилдиз би можел да стане еден од најплатените, ако не и најплатениот играч во тимот, под услов Душан Влаховиќ да биде продаден на лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

