Јувентус го задржува „министерот за одбрана“ уште една сезона

Џорџо Кјелини на Европското првенство докажа дека и на 36-годишна возраст може да игра на високо ниво. Играчот на Јувентус е незаменлив во таборот на Манчини, а добрите партии ќе му донесат и нов договор со „старата дама“.

Стоперот е дел од Јувентус уште од 2004 година кога премина од редвоите на Рома, а верноста кон клубот и лидерството во одбраната се доволен мотив за „црно-белите“ да ја продолжат соработката со искусниот играч до 2022 година.

Не се исклучува ни можноста Кијелини по крајот на следната сезона да стави крај на богатата кариера и да продолжи во клубот со функционерска улога во клубот со што би продолжила 17 годишната бајка.

Се вчитува...