Екипата на Болоња ја продолжи кризата на Јувентус со четврти едноподруго натпревар на кој нема победа за „Старата дама“. Во 32. коло од Серија А, Јувентус ремизираше (1-1) на гостувањето против Болоња.
Болоња го заврши првото полувреме со предност од 1-0 благодарение на голот на Орсолини уште во 10. минута од средбата.
Милик во 31. минута не успеа да реализира удар од белата точка за Јувентус. Сепак, успеа да се поправи во 61. минута кога постигна гол за конечни 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА