Откако Јувентус и Баерн Минхен се договорија за трансферот на Матијс де Лихт, „Старата дама“ останува со голем проблем во одбраната, особено ако в предвид се има и заминвуањето на Џорџо Кјелини.
Раководството на италијанскиот тим ги разгледува сите алтернативи, па сега подиректно се вклучи во битката за потписот на најбараниот дефанзивец во Серија А, Бремер. Сепак, ова нема да биде лесна задача, во моментов Бразилецот е пикиран и од Интер и неговиот тренер Симон Инѕаги, а информациите велат дека Јувентус испратил нова понуда, која овозможува подобри услови и за дефанзивецот и за неговиот клуб Торино.
Лицитацијат за Бремер ја подигна неговата цена до 40 милиони евра, а најзадоволен е претседателот на Торино, Урбано Каиро, кој ќе има голем профит од зделката за фудбалерот за кого му е јасно дека нема да остане во неговиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

