Италијанскиот првак Јувентус убедливо го совлада Спал на домашен терен со 4-1. Наполи го задржа првото место откако славеше со 2-3 на гостувањето против Џенова, а фановите на овој клуб го слават Дрис Мертенс кој постигна хет – трик. Македонскиот интернационалец во игра влезе во 84.минута и ја одигра завршницата против својот поранешен клуб Наполи.
За „старата дама“ погодија Бернардески, Дибала, Игуаин и Квадрадо.
Конечно победи и Милан, и тоа убедливо на гостувањето кај Киево, со 1-4. Сусо, Чалханоглу и Калиниќ беа стрелци за „росонерите“, а Киево успеа да си постигне и автогол.
Резултати Италија: Јувентус – Спал 4-1, Рома – Кротоне 1-0, Џенова – Наполи 2-3, Калјари – Беневенто 2-1, Болоња – Лацио 1-2, Киево – Милан 1-4, Фиорентина – Торино 3-0, Сасуоло – Удинезе 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА