Јувентус и Наполи се стопроцентни по шест кола во италијанскиот шампионат. И двата клуба остварија нов рекорд, со оглед дека досега на ниту еден тим тоа не му успеало во Серија А. Ова само покажува дека „старата дама“ и „наполитанците“ имаат навистина квалитетни состави со кои и оваа сезона ќе претендираат за шампионската титула.
„Бевме убедливи и заслужено победивме. Мислам дека по подолго време одигравме еден тркачки натпревар. Задоволен сум, затоа што токму тоа го сакав од моите фудбалери“, изјави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
Покрај Јуве и Наполи, сигурно дека и Рома, Интер и Милан ќе бидат конкуренти за највисок пласман оваа сезона во италијанското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА