Јувентус и официјално соопшти дека се повлекува од проектот наречен „Суперлига“, во кој сега остануваат само Барселона и Реал Мадрид.
На тој начин, по промената на раководството и последните контакти со УЕФА, Јувентус очигледно испраќа порака во која насока ќе се движи клубот наредниот период, далеку од Суперлигата на Европа.
Италијанскиот клуб информираше дека комплетното повлекување ќе биде по завршување на процедурата која подразбира преговори со Барселона и Реал и ослободување од потпишаните договорни обврски, што значи дека Јувентус им се приклучува на сите останати клубови кои веќе го направија овој потег под притисок на УЕФА уште по објавувањето на идејата.
Проектот беше инициран од претходниот претседател на Јувентус Андреа Ањели, кој во меѓувреме се повлече од позицијата, а потегот за повлекување е јасно приближување до раководството на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА