Рандал Коло Муани ќе стане нов играч на Јувентус, откако двата клупа се договориле за позајмица на франускиот напаѓач во Торино. Коло-Муани ќе мине следните шест месеци во италијанскиот фудбал, а потоа ќе треба да се врати во ПСЖ, со оглед дека двата тима немаат договор за откуп.
Коло-Муани беше поврзуван со трансфер и во други клубови, но на крајот се одлучи да оди во Јувентус. Дури се споменуваше како дел од размената за Влаховиќ, но на крајот Србинот ќе остане во Јувентус, но сега ќе добие голема конкуренција.
Инаку ПСЖ во следните часови треба да го комплетира трансферот на Квича Кварацхелија од Наполи за 70 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА