Јувентус и Реал Мадрид во трка за португалската сензација

Италијанскиот првак Јувентус и шпанскиот гигант Реал Мадрид се во сериозна трка за ангажман на новото португалско чудо Жоао Феликс. Фудбалерот на Бенфика ја одушеви европската фудбалска јавност со своите игри, а најголемите клубови почнаа да наддаваат за неговите услуги. Офанзивниот играч за врска има отштетна клаузула од 120 милиони евра откако неодамна потпиша нов договор со португалскиот клуб.

Сепак, Јувентус и Реал Мадрид се голем предизвик за младиот играч и тој сака да си замине. „Старата дама“ е подготвена да плати 100 милиони евра и да го доведе покрај Кристијано Роналдо во Торино. Но, и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го има Жоао Феликс во плановите за обновување на средниот ред на „кралевите“ за следната сезона.

Интересно, пред пет години Порто проценил дека Жоао Феликс е недоволно талентиран и му дозволил да замине од клубот како 14-годишно момче, по што тој се преселил во Бенфика.

Се вчитува...