Европските гиганти Јувентус и Реал Мадрид во јануари тргнуваат во лов на ѕвездата на Тотенхем, Кристијан Ериксен. На крајот на сезоната на данскиот фудбалер му истекува договорот со лондонскиот клуб, а како потенцијални дестинации се споменуваат Јувентус и Реал Мадрид.
Прв фаворит е италијанскиот шампион, кој веќе го има подготвено теренот како во јуни следната година би го донеле Данецот бесплатно. Покрај Јувентус, во игра е и Реал Мадрид кој веќе подолго време сака во своите редови да го донесе одличниот фудбалер за врска.
Ериксен во Тотенхем пристигна во 2013 година од Ајакс за 13,5 милиони евра, а во меѓувреме за тимот од „Вајт Харт Лејн“ забележа 292 настапи, на кои постигна 68 гола и 87 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА