Јувентус и Сити имаат предност на полувреме, пречката го спаси Дортмунд (ВИДЕО)

Откако се спаси од налетите на Реал Мадрид во првите 10 минути, Манчестер Сити поведе во дербито вечерва во Лигата на шампионите со голот на Ерлинг Халанд. 

Мбапе најпрво се закани, па Менди, но „кралевите“ не дојдоа во предност, а потоа беа брутално казнети од страна на „граѓаните“. Потоа Реал ја погоди и пречката преку Винисиус, но пречката се тресеше и на другата страна по обидот на Аканџи. Сити имаше уште една прилика преку Халанд, но не ја дуплираше предноста.

Гол по првиот дел има и во Торино. Јувентус поведе во дуелот со ПСВ Ајднховен со „бомбата“ на Мекени. Американецот силно шутираше после една одбиена топка, и ја заби под пречката.

Во Лисабон нема голови, иако поблиску до водство беше тимот на Спортинг Лисабон. Дортмунд покажува огромни слабости во одбраната, па Кобел два пати спасуваше, а еднаш Араухо ја погоди пречката од голот на „милионерите“.

Се вчитува...