Пензионираниот италијански напаѓач Антонио Касано го критикуваше Јувентус, а особено неговиот српски напаѓач Душан Влаховиќ. Поранешниот италијански репрезентативец кој настапуваше за Рома, Милан, Интер, Реал Мадрид тврди дека малку се променило во Јувентус откако Масимилијано Алегри беше заменет со Тиаго Мота.
Откако го нарече Алегри „ѓубре“, сега истото го мисли и за Мота, сметајќи дека новиот тренер на „бјанконерите“ не направил ништо да го подобри перформансот на тимот.
„Зборував против Алегри бидејќи тој е ѓубре. Сè уште мислам така. По шест натпревари морам да го кажам истото за Мота. Досега тој не направи ништо. Во првите натпревари неговиот тим играше зад топката и беше ориентиран на контранапади. Реков дека Јувентус нема да биде меѓу четирите најдобри екипи во лигата, а ситуацијата сега е уште полоша отколку што беше“, изјави Касано, и додаде:
„Го почитувам Тијаго Мота, но тој не вреди на ова првенство. Не ме убеди. Дали неговите ротации се добри или лоши? Не го сакам Влаховиќ. Тој е хистеричен и нема лице. Не знае што да прави и самосе жали“, додаде тој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА