Италијанскиот првак Јувентус и европскиот вицепрвак Тотенхем се во впуштија во трка за ангажман на младиот играч за врска на Рома, Николо Заниоло. Тој блесна минатата сезона во Серија А, имаше одлични изданија во дресот на „волчицата“, но раководството на клубот тоа не го валоризира со новата понуда за продолжување на договорот. Рома му понудила зголемување на годишната плата од само 300.000 евра на Заниоло, тој е незадоволен и сака да си замине од „Олимпико“, а исходот го чекаат Јувентус и Тотенхем.
„Старата дама“ веднаш е подготвена да плати 40 милиони евра за неговите услуги и да му даде двојно поголема годишна плата, а Тотенхем сака да го добие како дел од пакетот во кој Тоби Алдерверелд ќе замине во италијанскиот калчолигаш. Тотенхем нуди уште дополнители 25 милиони евра и одлични услови за самиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА