Јувентус конечно ја прекина серијата слаби игри славејќи на гостувањето против Лече со 0-2, за намалување на притисокот врз тренерот Лучијано Спалети.
„Старата дама“ имаше само една победа во претходните пет рунди од домашното првенство, пред неколку дена ремизираше 2-2 со Рен во Лигата на Европа, но овојпат „црно-белите“ беа на висина на задачата, стигнувајќи до посакуваниот исход.
Двата гола беа постигнати во првото полувреме, првиот преку Мекени, пред Даглас Луис со прецизен удар од работ на шеснаесетникот да ги постави конечните 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
