Јувентус има нов спортски директор

Јувентус и официјално го назначиу Кристијано Џунтоли за нов спортски директор на клубот. Тој потпишал петгодишен договор, со плата од 2,5 милиони евра по сезона.

Џунтоли ќе презема функцијата на Федерико Черубини и ќе биде новиот одговорен за трансферите на екипите. Тој доаѓа од Наполи, под чие водство и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пристигна од Фенербахче во Неапол. Минатата сезона со Наполи стана првак на Италија.

Италијанецот мина осум сезони во Наполи, а претходно беше дел од Специја и Карпи.

Се вчитува...