Јувентус се мачи да ангажира нови засилувања летово, но „старата дама“ барем успеа да го задржи својот најперспективен млад фудбале рво тимот. Турскиот репрезентативец Кенан Јилдиз денеска и официјално ја прифати понудата за нов договор, продолжувајќи ја соработката со „старата дама“ до јуни 2029 година.
Јилдиз минатата сезона се промовираше како екстра-талент, со неколку извонредни настапи за Јуве привлекувајќи го вниманието на неколку европски гиганти. Сепак, италијанскиот гигант не сакаше ни да помисли на разделба од Турчинот, кој не само што потпиша нов договор, туку за нова бројка на дресот ја избра легендарната „десетка“ што низ годините ја носеа бројни великани на Јувентус.
Според новиот договор, Јилдиз во новата сезона ќе заработи 1,6 милиони евра плус бонуси, сума што ќе се зголемува секоја наредна натпреварувачка сезона.
„Старата дама“ во првото коло в понеделник ќе го пречека Комо, меч за кој Јилдиз е најавен како сигурен првотимец во составот на Тијаго Мота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА