Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали идното лето би можел да се врати во Серија „А“. Италијанскиот репрезентативец е примарна цел за Јувентус идното лето, но сумата е проблем за тимот од Торино.
Имено, според најавите, Њукасл за неговите услуги ќе бара околу 80 милиони евра, што Јувентус не може да ги плати одеднаш. Затоа тимот од Торино има план да испрати некој нивен фудбалер на спротивната страна, со цел да ја спуштат цената.
Прв избор ви бил напаѓачот Душан Влаховиќ. Меѓутоа оваа „трампа“ доаѓа во предвид само доколку Александер Исак замине во некој друг клуб (Арсенал е сериозно заинтересиран за неговите услуги). Втор на листата за трампа би можел да биде Даглас Луиз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА