Веднаш откако стана јасно дека за Душан Влаховиќ нема иднина во дресот на Јувентус, тимот од Торино се пушти во наоѓање на негова замена. Беше објавено дека српскиот напаѓач ќе го напушти клубот ако не го продолжи договорот, кој истекува летото 2026 година.
„Газета“ објави дека фаворит на спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли е Виктор Осимен. Тој во моментов игра во Галатасарај како позајмен. Исто така Тиаго Мота сака потпис на Џошуа Зиркзе кој во моментов е дел од Манечстер Јунајтед, и со него соработуваше во Болоња.
Во турскиот шампионат Осимен во 15 меча има 12 гола и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА