Јувентус има план: Скамака на местото на Влаховиќ

Јувентус поради неиграњето во Лигата на Шампионите ќе мора да продаде еден од највредните фудбалери на пазарот за да ја надополни финансиската загуба, а најблиску до заминување од „црно-белите“ е Душан Влаховиќ. Српскиот голгетер не се снајде најдобро во тактичките замисли на Алегри, па иако дел од вината сигурно се бара и кај тренерот, се поизвесно е дека Јувентус ќе го продаде Влаховиќ додека тој се уште има значајна вредност на пазарот.

Екс-фудбалерот на Фиорентина беше поврзуван со Реал Мадрид, Челси и со Арсенал, тој е споменуван и како опција за Баерн Минхен, а се очекува вредноста на Влаховиќ во оваа „лицитација“ да достигне 80 милиони евра, што би значело дека Јуве ќе си ги врати парите што ги инвестираше во неговиот ангажман пред некоклу години.

„Старата дама“ не планира да троши богатство на нов голгетер, туку вниманието го има насочено кон Џанлука Скамака. Овој голгетер делуваше импресивно во дресот на Сасуоло, минатото лето се пресели во Вест Хем, но не се снајде во Премиер-лигата и сега сака да се врати назад во татковината. „Чеканите“ платија 36 милиони евра минатото лето, но подготвени се сега да разговараат и за позајмица, опција што му оди во прилог и на Јувентус.

Интерес за 24-годишниот Скамака во изминатите седмици искажа и Милан, но според италијанските медиуми Јувентус е клубот што е во водство во трката за потписот на овој одличен голгетер.

Се вчитува...