Напаѓачот на Фенербахче, Џон Дуран има многу понуди да ја продолжи кариерата во некоја од посилните лиги во Европа, а најконкретен за неговиот потпис е италијанскиот гигант Јувентус.
Фенербахче го изостави од составот Дуран за мечот со Базел, што дополнително го подгреа сомнежот дека би можел наскоро да го напушти клубот. Медиумите во Турција напоменуваат дека Јувентус веќе испратил понуда од 70 милиони евра за напаѓачот кој е член на Ал-Наср, и настапува во Турција како позајмен.
Покрај Јувентус, заинтересирани се и Вест Хем и Евертон, кои исто така би можеле да испратат понуди за 22-годишниот напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

